Поради ретко пореметување има ненормално големи бутови | Наместо да држи диета, сега заработува милиони

2482

Heather со години била опседната со диети, а потоа дознала за нејзината ретка дијагноза.

Heather Johnson е 38-годишна мајка на четири деца од Јужна Каролина и боледува од lipedema, болно нарушување во распределбата и квалитетот на поткожното масно ткиво во бутовите и рацете, пишува Daily Mail.

Луѓето кои страдаат од ова нарушување најчесто имаат потенок струк и торзо во споредба со рацете, нозете и задникот. Кожата на овие делови од телото е обично мека и перфорирана во структурата.

Heather не знаела за нејзината ретка дијагноза, па била на диета со години, поточно од шестгодишна возраст. Сепак, таа влегла во маѓепсаниот круг на губење и зголемување на килограмите и на 31 година тежела 192 килограми.

За дијагнозата дознала преку Инстаграм

Следејќи го советот на докторот, таа имала операција на желудникот и ослабела дури 74 килограми. Во последниве години, тежината ја оддржува на 129 килограми. Колковите и се широки 149 сантиметри, половината 99, додека обемот на едното бедро е 86 сантиметри.

За lipedema дознала од Инстаграм, а во моментов е модел за брендови кои промовираат позитивна слика за телото. Heather се обидува да ја подигне свеста за ова ретко нарушување.

“Цел живот сум појака девојка. Првата диета ми беше на шестгодишна возраст и бев опседната со диети цел живот. Секогаш имав голем задник и бутови, тенка половина и млитави раце. Кога во 31та имав 192 килограми, ми рекоа дека ќе умрам ако не ослабам, па имав операција на желудникот. Иако изгубив 74 килограми, никогаш не изгубив тежина во долниот дел од телото. За lipedema дознав на Инстаграм . Бев среќна што не замислував дека моето тело е различно од другите, тоа беше вистинско олеснување“, изјави Heather.

„Морам да носам облека за компресија за да ми биде удобно да одам, нозете ми се секогаш многу чувствителни на допир, многу лесно се здобивам со модринки, секогаш носам долги ракави бидејќи кожата на надлактицата ми виси“, додаде таа.

Преплавен со позитивни коментари

Heather денес ги споделува своите секси фотографии на Инстаграм на кои носи прекрасни фустани, долна облека и бикини за да им покаже на другите луѓе кои страдаат од истото нарушување дека се совршени токму такви какви што се.

Таа вели дека секојдневно е преплавена со позитивни коментари од мажи и жени кои се нејзина инспирација. Кога мажите и пишуваат дека им се допаѓаат бутовите, тоа ја зголемува нејзината самодоверба.

„Решив тоа да го прифатам кога сфатив дека јас сум таа и ако не се сакам себеси, никој друг нема“, рече таа.

Таа моментално има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а нејзиниот профил го привлече вниманието на супермоделите Ashley Graham и Tyre Banks, кои ги споделија нејзините фотографии на нивните страници.

“Мојата порака до светот е да ширите љубов и да престанете да ги осудувате луѓето она што се или како се чувствуваат. Верувајте во себе и сакајте се себеси”, рече Heather.