Постојат неколку начини на кои можете да го намалите ова, и не вклучува антиперспиранти.
Експертите имаат неколку совети кои ќе ви помогнат да ја намалите работа на потните жлезди.
Луѓето склони кон прекумерно потење, а за тоа немаат посебна здравствена причина, исклучително им е тешко да поднесат високи летни температури, а експертите имаат неколку совети кои ќе им помогнат да ја намалат зголемената работа на потните жлезди без да користат антиперспиранти.
Помалку црвено месо, мешунки и производи од соја
Еден од начините, велат германските фармацевти, е да консумирате помала количина црвено месо за време на жешките летни денови.
Тие предупредуваат дека некои вегански и вегетаријански алтернативи, како што се производи од соја или мешунки, исто така, можат да влијаат на зголеменото лачење на потта од потните жлезди, бидејќи, како и црвеното месо, содржат хемиски соединенија познати како пурини.
Пурините се ароматични органски компоненти присутни во речиси секоја храна. Тие постојано се произведуваат во организмот и се важна компонента на клетките, но некои намирници се особено богати со пурини: школки и ракови, зелка, спанаќ и аспарагус.

Помалку кафе, алкохол, зачини и никотин
Друг начин што придонесува за намалување на потењето е да се воздржите или да консумирате што е можно помалку кофеин, алкохол, зачинета храна и никотин.
Потењето е природна реакција на организмот на телесната топлина и делува како систем за ладење. Потта сама по себе нема мирис. Се јавува како реакција на бактерии кои ја населуваат кожата. Колку е поголема личната хигиена, толку помалку бактерии ќе има, а така мирисите ќе исчезнат.
Местата од кои потта не испарува брзо, обезбедуваат топла и влажна средина, а ги фаворизираат бактериите кои се хранат со хемикалиите од потта.
Бричење под пазуви и секојдневно туширање
Бричењето на пазувите ќе овозможи побрзо испарување на потта, а секојдневното туширање ќе го намали растот на бактериите на кожата.
Дезодорансите го маскираат мирисот на телото, но не го намалуваат потењето или растот на бактериите. Локалната примена на алкохол со висока отпорност ќе го спречи растот на бактериите, но може многу да ја иритира кожата.
На некои им помага и пудра за тело
Германските фармацевти потсетуваат дека на некои луѓе им помага пудра за тело која го апсорбира вишокот на влага и препорачуваат нејзина употреба на делови од телото кои се потат нешто помалку.



















