Измислен тоалет кој го претвора изметот во електрична енергија | За неговото искористување им се плаќа во – криптовалута! Фото/Видео

1345

За секое големо мокрење, учениците добиваат 10 Ggool дневно, кои можат да ги потрошат за различни работи, од храна до книги.

Универзитет во Јужна Кореја им плаќа на студентите во крипто валута за нивниот измет, пишува LadBible.

Специјално дизајнираните тоалети го претвораат човечкиот измет во енергија, која потоа го напојува кампусот. Во замена за изметот, на студентите им се даваат мали количини крипто валута кои можат да ги потрошат за да купат кафе или слатки.

Професорот Cho Jae-weon од Националниот институт за наука и технологија Улсан (UNIST) дизајнирал тоалет наречен BeeVi за производство на еколошка прифатлива енергија.

Тоалетната школка користи вакуумска пумпа за да го испрати изметот во подземен резервоар, каде се распаѓа во метан, кој се користи за напојување на зградата.

“Ако размислиме вон рамката и користиме различна научна технологија, изметот може да создаде енергија и ѓубриво. Идејата за BeeVi тоалетот е да ја врати оваа скапоцена вредност назад во екосистемот и економијата”, изјави професорот Cho Jae-weon за Reuters.

Professor Cho Jae-weon.

Финансиската вредност на човечкиот измет

Според него, просечен човек излачува околу 500 грама фекалии дневно, што може да се претвори во 50 литри метан, или да генерира 0,5 kWh електрична енергија, што е доволно за да вози автомобил околу 1,2 километри.

„Нашата крајна цел не е само да заштедиме вода и трошоци за работа за пречистителни станици, туку да воспоставиме екосистем што ги поддржува технолошките иновации и ја поттикнува економската диверзификација во која човечкиот измет има финансиска вредност“, додаде професорот.

Покрај тоа што процесот е еколошки прифатлив, драгоцен е и за студентите кои го користат бидејќи се наградени со специјална криптовалута Ggool. Имено, за секоја голема нужда добиваат по 10 Ggool дневно, кои можат да ги потрошат за разни работи, од храна до книги.

“Секогаш мислев дека фекалиите се валкани, а сега тие за нене се едно мало богатство. За изметот зборувам и за време на паузата како би се консултирал за книгите што сакам да ги купам”, изјави студентот Heo Hui-jin за Ројтерс.