Внимавајте на ова растение | Само со допир девојчето (3) добило болни плускавци на кожата …

1732

Мајката на девојчето контактирала со локалните власти за да спречат слични случаи во иднина.

Тригодишното девојче Руби Дафи со години може да има плускавци на кожата откако го допре отровното растение на плажа, пишува The Sun.

Имено, минатата недела на плажата во шкотскиот град Данди, девојчето било во контакт со џиновска шепа, позната и како џиновски свињски плевел, што произведува силен отров.

H. mantegazzianum

Плевелот во Европа е инвазивен вид, има 20 вида, ме ѓу кои и џиновските шапики и обичните или ливадските шапики кои ги има кај нас.

Според лекарите, закрепнувањето и заздравувањето на раните може да трае неколку месеци. Нејзината десна рака може да биде почувствителна на УВ зрачење во текот на целиот живот.

Сокот од џиновскиот свински плевел предизвикува сериозни изгореници на кожата изложена на сончевите УВ зраци.

Работниците сега ја расчистија областа покриена со плевел каде што настрада девојчето. Нејзината мајка Кејтлин ги контактирала локалните власти во надеж дека такво нешто нема да се повтори во иднина.

Пресек на стеблото од H. mantegazzianum

“Не мислев дека е можно да наидеме на такво отровно растение на јавно место или некаде каде што дете може лесно да пристапи до него. Ако децата сакаат да допрат нешто, тоа ретко кој да ги спречи. Градските власти ми рекоа дека ќе ја исчистат областа околу плажата и ги известат сопсвениците на земјата во близина. Ги советувам сите да внимаваат на овие растенија. Сончевите зраци секогаш ќе бидат штетни за нејзината рака, а ќе ја боли и чеша во следните четири месеци. Иако се работи за сериозни последици, мислам дека имала прилично среќа. Замислете дека со плевелот можела да допре лицето“, заклучува мајката.