Лигњи на лешо е јадење што ќе ве воодушеви. Лесно се подготвува, а многу е вкусно.
Како да се подготват лигњи на лешо?
Начинот на подготовка на ова јадење е многу едноставен и ви требаат само половина час за да можете да го сервирате.
Лигњи на лешо – Потребно
- 80 дкг лигњи
- 4 млади компири
- половина главица кромид
- лажичка бибер во зрно
- 3 моркови
- 2 чешниња лук
- 2 ловорови лисја
- маслиново масло
- лажичка зеленчук
Подготовка
- Ставете ги лигњите во тенџере со компири, моркови, ловоров лист, кромид, бибер и лук, додадете го зеленчукот во садот, а со водата покријте ги состојките.
- Гответе околу 20 минути на тивок оган.
- Кога лигњите ќе бидат готови извадете ги и исечете ги на кругови.
- Варените (лешо) лигњи се готови, послужете ги со варените моркови и компири и посипете ги со магдонос и, доколку е потребно, маслиново масло.



















