Мермелада од смокви со ѓумбир

1183

Потребно

  • 1 кг смокви
  • 350 г шеќер
  • 1 мало парче излупен ѓумбир – по желба

Подготовка

  • Излупете ги смоквите и измешајте со шеќерот и ѓумбирот.
  • Варете на тивок оган половина час, со тоа што ќе мешате постојано.
  • Кога џемот стане густ и леплив, истурете го во тегли предзагреани за неколку минути во рерна на 100 степени.
  • Затворете ги цврсто капаците и свртете ги назад, за да се формира вакуум. Оставете ги така до нивното целосно ладење.