Потребно
- 1 и 1/2 созреано авокадо
- 1 голема зрела банана
- 1/2 чаша незасладено какао во прав
- 1/2 чаша путер од кикирики
- мед или јаворов сируп за сладост
- 1/4 чаша бадемово млеко
- крем за декорација
Подготовка
- Со помош на лажичка излупете го авокадото и ставете го во кујнски робот.
- Додадете ги и останатите состојки.
- Се меле многу добро.
- Ако сакате позаситен какао вкус, додадете уште од какаото.
- Истото важи и за јаворовиот сируп и вкусот на путер од кикирики.
- Послужете го пудингот во соодветни чаши, гарнирајте со шлаг и ставете во фрижидер за околу 30-40 минути.
//