Грција е дестинација на која најверојатно ќе ве ограбат | Еве ги другите

1932

Кога патувате во странство, една од најважните работи е да ги пазите џебовите.

Дури и да сте запознаени со начинот на дејствување на крадците во вашата земја, надвор тие дејствуваат различно и може да ве изненадат.

Сајтот за патници “TripAdvisor” состави листа на топ 10 на градовите во кои е најверојатно да ве ограбат, пишува “Индипендент”.

1.Барселона, Шпанија – таму грабежите се практикуваат како спорт. Над 7,5 милиони туристи ја посетиле Барселона во 2014 година, според податоците на “Barcelona Turisme”. Лас Рамблас, познатата пешачка улица и популарна туристичка атракција е местото на кое треба да бидете особено внимателни.

2. Рим, Италија – полн со историски знаменитости и културни жаришта, Рим привлекува милиони туристи секоја година. За жал, додека се фотографирате пред Колосеумот може да останете без телефон, камера или новчаник.

3. Прага, Чешка – толпи луѓе по тесните улици со калдрма секоја година остануваат без вредни предмети.

4. Мадрид, Шпанија – вториот шпански град во листата. Мадрид е брзо растечки и брз град. Речиси секое место во шпанската престолнина се поврзува со зголемен ризик од крадци.

5. Париз, Франција – најранливи сте околу Ајфеловата кула, Лувр и метрото.

6. Фиренца, Италија – ако гледате долго време во скулптурата на Давид на Микеланџело, шансите да останете без чанта се огромни.

7. Буенос Аирес, Аргентина – тука користат специјален број, познат како “бројот со сенфот”. Искусните крадци ве натопуваат со малку сенф по рамото, за да изгледа како да е птичји измет, а непознат пријателски глас нуди да ве исчисти. Чувајте ја внимателно чантата за да ја избегнете опасноста да останете без телефон.

8. Амстердам, Холандија – градот е познат како мирен и пријателски, но тоа не значи дека сте безбедни.

9. Атина, Грција – грчката престолнина е полна со откриени споменици и знаменитости, што значи многу малку безбедност во најпрометните места.

10. Ханој, Виетнам – стариот дел на градот е исполнет со историски споменици и неверојатна архитектура, удобна за џепчии и опасна за расеани туристи.