Еве зошто се потиме ноќе

2034

Се будите ли често облиени во пот? А, треба ли да се грижите за овој факт?

Ново истражување, објавено во Annals of Family Medicine, ги бара причините за одделувањето на течности од телото во оваа форма во текот на ноќта, од што се жалат многумина.

За разрешница на проблемот се зазема д-р Џејмс Молд од Универзитетот во Оклахома и неговиот тим. Тие ја бараат причината за потењето и како тоа се рефлектира врз телото, ако се случува често.

Во списанието Journal of the American Board of Family Medicine д-р Молд и неговите колеги откриваат неколку фактори за обилното потење во кревет, меѓу кои панични напади, проблеми со спиењето, треска, вкочанетост на екстремитетите, раздразливост, стрес и проблеми со дишењето во текот на ноќта .

Потењето може да биде и пропратен ефект на лекови, дури и обични антидепресиви.

Во најлош случај лачењето на течности од телото на тој начин ноќе може да е симптом на автоимуна болест, проблеми со срцето, ендокринaтa жлезда, СИДА, туберкулоза, некои видови на рак, апнеја.

Зошто се потимe?

Телото ja користи потта, за да се намали температурата кога ќе се качи над т. н. термонеутрална зона. Меѓу предизвикувачите на порастот на температурата може да се премногу дебелите ќебиња или процеси во телото, кои се борат со некаква инфекција.

Луѓето кои тренираат активно пак имаат тенденција да се потат и при пониски температури, објасни д-р Молд. Тоа е симптом на претренирање.

А сепак, ако се потите често во креветот, консултирајте се задолжително со лекар. Мерете ја температурата по два пати на ден, за да проверите дали немате треска.