Потребно
- 12 чешниња лук
- ½ l црно вино (по можност домашно)
- Исчистете го лукот и исечкајте го на четвртини и ставете го во тегла
- Додајте пола литар црно вино и добро затворете го садот
Начин на употреба
- Чувајте го на место каде што допира сончевата светлина, околу две недели
- Секојдневно по неколку пати протресувајте го, за да се измешаат состојките
- По две недели, исцедете ја содржината и ставете ја во стаклено шише
- Консумирајте по 1 лажичка 3 пати дневно во период од еден месец
Овој лековит пијалак ја прочистува крвта, ги отстранува вишокот маснотии и сол од организмот, а со тоа и го забрзува метаболизмот.
Ова е моќен пијалак за чистење и зајакнување на крвта, па се препорачува да се користи со пауза од 6 месеци помеѓу два третмана.



















