Научниците се согласуваат дека консумирањето на ананас пред спиење може да помогне во побрзото заспивање.
Ова е затоа што ананасот природно зголемува нивото на мелатонин, хормон кој што се повишува навечер и помага во заспивањето.
Освен мелатонин, ананасот содржи и мала количина на аминокиселина наречена триптофан, која има смирувачки ефект.
Истражувањата покажуваат дека консумирањето на ананас или свеж сок од ананас пред спиење може да ги зголеми маркерите на мелатонин за до 266 отсто.
Ова може да помогне луѓето со проблеми во спиењето да заспијат полесно.
Освен ананас, некои други намирници како банани, цреши, јајца, масната риба, ф’стаци, и бадеми се познати како корисни за подобар сон.