Ставањето на огледало во трпезаријата или кујната може да е најлесниот начин да се избегне дебелеење.
Тоа буквално ги засрамува луѓето и тие јадат помалку, а храната веќе не им се усладува толку, објави “Дејли мејл”.
Американските научници открија дека кога човек гледа како се храни во огледало, внимава што јаде. Тоа е многу лесен трик за однесувањето, кој според психолозите од Универзитетот во Централна Флорида може да се користи за да се избегне прејадување.
Луѓето одбираат нездрава храна, затоа што мислат дека е вкусна. Присуството на огледало блиску до масата сепак може да ги намали овие очекувања и количество храна, која не е корисна.
Екипата предводена од д-р Ата Џејми потврди дека огледалата ги охрабруваат луѓето да се споредат во однесувањето со социјалните стандарди. Значи, кога се хранат лошо, тие предизвикуваат непријатност и го намалуваат задоволството.
Добро е исто храната да се става во мали и не толку убави чинии, дури и во хартија. Многу помага да се користи вилушка наместо лажица, бидејќи тоа создава впечаток дека храната е со повеќе калории.



















