Со или без појадок?

1985

Тврдењето дека појадокот е најважниот оброк во денот почива на многу скудна научна база, пишува Дејли мејл.

Утринската исхрана доаѓа од маркетинг компании кои сакаат да ни продадат корнфлекс и сланина, тврди д-р Џејмс Бетс од Универзитетот во Бат.

“Проблемот со придобивките од појадокот е дека тие почиваат на претпоставки и набљудувања, но никогаш не биле истражени”, коментира тој. “Бев изненаден кога почнав да барам докази и мислев дека ќе има многу”, додава тој.

Сето ова значи дека е тешко да се разбере дали здравите луѓе се здрави, бидејќи доручкуваат.

“Секогаш кога лекарите гледаат прекумерно дебел човек, прашуваат дали појадува. Ако не, му велат дека треба. А, во принцип не даваме здравствени совети, за кои немаме докази.Зошто тогаш ги советуваме да доручкуваат?“, прашува д-р Бетс.

Д-р Бетс се обидел да направи истражување – една група на луѓе требало да јадат појадок од барем 700 килокалории, а другите требало да пијат само вода до ручек. Открива дека тие кои не појадувале јаделе повеќе на ручек, но не повеќе од 700 калории.

Резултатите покажале дека нема зависност меѓу тоа дали човек појадува или не и неговата телесна тежина.

Истражувањето сепак не наведува дали луѓето кои доручкуваат имаат подобро расположение и дали појадокот ја стимулира мозочната активност. Ниту пак дали тоа се должи на кофеинот во чајот или кафето.