Земјата ја загуби најголемата површина од живи организми | Видео

1850

Големиот корален гребен кој е дом на 1652 вида риби, 3000 вида мекотели и 30 различни видови китови и делфини, умре посочуваат научниците. Тој се избелува.

Големиот корален гребен беше прогласен за мртов од страна на научниците по 25 милиони години постоење, со што беше ставен крај на огромен број на видови и живот на најголемата поединечна структура од живи организми во светот, пишува New York Post.

Огромната маса во Коралното Море, која ја зафаќа површина од околу 2253 километри, конечно се предаде, се избели. Исклучително огромната природнат флора и фауна беше поголема од Велика Британија и се состои од над 2.900 поединечни гребени и 900 островит.

Тоа е дом на 1.652 видови риби, 3.000 вида мекотели и 30 различни видови китови и делфини. Средината се наоѓа во близина на брегот на Квинсленд, Австралија, и може да биде видена од вселената. Чудесната структура беше прогласена за мртва од водечкиот Еколог Роуан Јакобсен. “Големиот корален гребен почина во 2016 година, по долго боледување. Тој беше 5 милиони години стар”, објави Јакобсен.

За гребенот често се зборува како за најголемата жива структура во светот, но во реалноста тој се состои од милијарди мали организми. Најголемата жива структура во светот е 3,8 километри бакарен сунѓер, која се наоѓа во Сината Планина во Орегон. Големиот корален гребен беше прогласен за мртов од научници, истражувања покаќаа избелување на коралите.

Загревањето на океаните, климатските промени, ги натераа коралите да ги исфрлаат алгите и да се соголат. А, без алги коралите не можат да набават хранливи материи. 22% од коралите на гребенот изумреле заради најтешкото масовно избелување регистрирано некогаш, забележуваат експертите. 85% од смртноста е регистрирана во 595-километарски дел од гребен меѓу полуостров Кејп Јорк и северно од островот Лизард.