Без разлика каква исхрана практикувате, протеините се неизбежни макронутриенти ако сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате апетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем.
За полесно да го постигнете посакуваниот дневен внес на овие макронутриенти, во продолжение следи листа од 15 видови на храна кои имаат висока содржина на протеини.
Леќа
Содржина на протеини: 9гр во 100 грама
Леќата е одличен извор на протеини, но и растителни влакна и минерали. Нејзина дополнителна предност е ниската цена и брзата и лесна подотовка.
Грав
Содржина на протеини: 20гр во 1 шолја
Гравот е исто така евтина, но многу здрава храна. Полн е со протеини и растителни влакна – во една шолја има до 13 грама. Исто така е извор на калциум, железо, магнезиум и витамин Б6.
Грашак
Содржина на протеини: 7гр во една шолја
Овој мешункаст зеленчук треба што е можно почесто да го вклучувате во вашата исхрана. Покрај протеините, содржи и висока количина на витамин Ц, витамин А, витамин Б6, магнезиум, железо и растителни влакна, со што може да ви помогне во справувањето со апетитот.
Продолжува на страна 2



















