Како да се ослободите од опуштеното стомаче

1836

Стомачните масти ве измачуваат?

Ставете крај на лошите навики, за да се отстрани страшниот стомак што ја загрозува не само фигура, но и нанесува штета на самодовербата.
Како да постигнете полесно топење на мастите на вашиот стомак?

Вода и овошје

Кога ќе ви се пријаде нешто благо, едноставно заборавете за десерт и шеќерни колачи! Газираните пијалоци, сокови и сè од оваа сорта е апсолутно забрането. Овие шеќери се лепат директно на стомакот и половината. Затоа, кога ќе ви се пријаде нешто благо, изедете некаков плод и испијте една огромна чаша вода. Може да си дозволите и ладен чај, но само во случај да сте го подготвиле и во него нема додадени шеќери освен малку мед.

Шетајте по 2 часа на ден

Ако немате особено време посебно да одите на прошетки, едноставно враќајте се од работа пеш. Енергичното одење гори повеќе калории отколку што мислите. Не користете лифтови, ескалатори и слични олеснувања. Не седете во градскиот транспорт. Вложете труд да го редуцирате до минимум пасивното седење.

Здравата исхрана

Нема да поминете без јадење здраво, ако сакате да се стопи стомакот. Дури и да не преминувате кон строга диета, ќе треба да ги исклучите барем најсигурните штетници во исхраната – рафинирани јаглехидрати, заситените масти, пржена храна, готовите производи, колачите.

Растегнувајте се и медитирајте кога сте уморни

Една од нашите најголеми грешки е да легнеме и да си одмараме, кога сме уморни. Може да ви е тешко да поверувате, но физичката активност кај заморот дејствува стимулирачки. Не е потребно да вежбате активно кога сте изморени. Доволно е да направите малку јога, медитација, да дишете правилно или едноставно да направите мало истегнување. Дури и истегнувањето на телото помага на зајакнување на стомачните мускули, а оттаму и за топење на мастите.

Направете малку кардио додека гледате телевизија

Гледањето телевизија може да се претвори во активна дејност. Наместо да лежите на каучот, направете неколку енергични вежби, додека ги гледате вашите омилени емисии. Така времето за вежбање ќе помине понеосетно отколку ако намерно одите на фитнес, што за многумина не е омилено поминување на времето, туку само начин да слабеат.

Стомачни

Нема да минете и без стомачни. Малку напор за развивање на стомачните мускули не само што нема да наштети, но и ќе го тонизира опуштениот стомак. Не е потребно да се фрлите и да правите склекови. Доволно е да правите неколку серии стомачни само за стегање. Тоа има огромно значење за топењето на стомачните масти.

Легнувајте си рано и спијте 8 часа

Добриот сон помага за регулирање на метаболизмот, размената на масти во телото и нивното трансформирање во енергија наместо во масни депоа. Спијте повеќе и легнувајте рано. Добриот режим е и добар пријател во слабеењето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.