Жените се изложени на ризик од срцев удар најмногу за време на празници

1915

Лекарите од Методистичката болница во Хјустон се обраќаат со барање кон жените да се обрне внимание на здравјето за време на празници.

На плеќите на жените за време на празници паѓа речиси целата тежина на подготовката на трпезата и празникот се претвора во сериозен стрес фактор.

Дополнителни негативни настани во овој период може да предизвикаат срцев удар или стресна кардиомиопатија, при што срцевиот мускул започнува да се стега многу лошо. Најчесто тоа се случува кај жени на возраст 50-75 години.

Инфаркт може да се случи и без овие типични симптоми како болка во градите и недостаток на воздух. Симптомите можат да личат на варење, грип или напон во мускулите.

Исто така во листата на можните симптоми се вклучува и гадење, повраќање, прекумерно потење, вртоглавица, чувство на стегање околу грлото, неправилно или забрзано чукање на срцето.

Лекарите повикуваат при сомнеж за инфаркт да се бара помош и веднаш да се направи кардиограм.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.