Промената на бојата на јазикот сугерира на претстоен срцев удар

1936

Промената на бојата на јазикот сугерира на претстоен срцев удар, пренесува електронското издание „Експрес“, повикувајќи се на мислење на кардиолози.

Микроорганизмите на јазикот можат да помогнат во дијагностицирање на срцева слабост, рече д-р Тијанхуи Јуан од универзитетската болница за кинеска медицина во Гуангжу.

Јазикот на пациентите со хронична срцева слабост изгледа сосема поинаков од оној на здравите луѓе, нагласува таа.

Според д-р Јуан, здравиот јазик има бледо црвена боја со бледо бела обвивка. Кај пациенти со срцева слабост, оваа плакета има жолтеникава боја и нејзиниот изглед се менува во зависност од развојот на болеста.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.