Вечерашната победа против Данска во рамките на квалификациите за Европското првенство воедно е и селекторско деби на капитенот Кирил Лазаров.
Македонската ракометна репрезентација во вечерашниот натпревар во рамки на третото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година со резултат 33:29, ја победи репрезентацијата на Данска, светскиот шампион во ракомет.
Вечерашната победа воедно е и селекторско деби на капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров.
Во првиот дел, избраниците на Лазаров во нападот играа сигурно, а во одбраната цврсто. Со ваквиот начин на игра „црвено-жолтите” во првото полувреме од натпреварот се изборија за водство од четири голови разлика, односно со резултат 17:13.
Домашната репрезентација во второто полувреме продолжи со исто темпо на игра, со што ги постави конечните 33:29 и успеа да победи против репрезентацијата на Данска.
Реванш натпреварот меѓу двете репрезентации ќе се игра во недела, во Алборг.
Во рамки на квалификациската група 7 одиграни денеска Швајцарија ги запиша првите бодови, триумфирајќи како гостин над Финска со 32:19.
По три одиграни кола, македонската репрезентација е првопласирана во групата со максимални шест бодови, пред Данска со 4, Швајцарија 2 и Финска е без бодови.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















