Првите робови не биле од АФРИКА, а концентрационите камповите не ги измислиле нацистите

1860

Како што веќе напишавме, првите робови на Новиот континент биле Ирците. Оваа „трговија“ започнала кога 30.000 ирски затвореници биле продадени како робови во Новиот свет.

Во прогласот на кралот Џејмс Први во 1625 година стои дека ирските политички затвореници требало да бидат испратени во странство и продадени на англиски доселеници во Западна Индија (Карипските острови). Од 1641 до 1652 година, Англичаните убиле над 500 000 Ирци и продале други 300 000 како робови. Во средината на 17 век, повеќе од 100.000 ирски деца на возраст од 10 до 14 години биле земени од нивните родители и продадени во Западна Индија, Вирџинија и Нова Англија.

Концентрационите логори се исто така американски изум. Нешто слично се појавило за време на Американската граѓанска војна, која траела од 1861 до 1865 година. Иако една од целите на победничкиот Север било укинување на ропството, кое многу не било хумано во „однесувањето“ на Федерацијата (Север) и Конфедерацијата (Југ).

И „напредниот“ Север и „заостанатиот“ Југ имале логори на воени затвореници. Во „логорите“ имало стотици илјади луѓе. Повеќе од 30.000 заробени „северци“ и скоро 26.000 „јужњаци“ загинале во заробеништво.

Затворениците се разменувале спорадично. Во меѓувреме, затворениците умирале затоа што имало многу болни луѓе, а недостасувале лекови и храна.

До крајот на американската граѓанска војна, околу 56 000 војници загинале во логорите, што претставува скоро 10 проценти од смртните случаи во војната. Неславниот рекорд го држи „логорот“ Самтер, близу Андерсонвил, Џорџија, каде за 14 месеци починале 13.000 лица, односно секој трет војник на Унијата кој бил затворен таму.

За само една година, околу 20 000 ослободени робови починале во Девелс Панчбол во Мисисипи. Оваа локација го добила името Ѓаволски сад по огромната провалија ископана од водопад.

Населението во градот се зголемил за 12 пати преку ноќ!

Градските власти не можеле да се справат со овој раст на населението, па затоа решиле да изградат камп во Девелс Панчбол, кој го затвориле со sидови – вели поранешниот директор на гробиштата, Дон Естес.

Денес има бујно зеленило, кое се чини сака да ги скрие трагите на криминалот. Ослободените робови живееле во полоши услови отколку кога работеле на плантажи. Афро-американските мажи вршеле напорна работа, а жените и децата останале без храна и вода во ѕидовите на логорот.

Армијата на Унијата не дозволила да се отстранат телата од кампот и биле погребани таму. Болеста избувнала меѓу нив, а вариолата била најлоша – вели Пола Вестбрук, која го проучувала логорот.

Сепак, има малку прецизни информации за овие ужасни места, затоа некои критичари ги оспоруваат изјавите на Вестбук и Естес дека „само“ илјада луѓе најверојатно починале во логорите Начез (имало уште два, освен во Девилс Панчобол). Историчарите упорно ја „прескокнуваат“ приказната за кампот во Девилс Панчобол, додека локалното население спомнува дека често излегуваат човечки скелети по обилни дождови.