Уште еден антички ковчег е откриен во Египет во огромната некропола Сакара јужно од Каиро, а најавено е откривање на повеќе од 80.
Министерството за туризам и антиквитети објави дека археолозите пронашле колекција на шарени, запечатени ковчези постари од 2.600 години.
Премиерот Мустафа Мадбули и министерот за туризам и антиквитети Калид ел-Анани ја обиколија областа и вчера го разгледаа новото откритие.
Археолозите пронајдоа и разнобојни позлатени дрвени статуи, соопшти Министерството.

Деталите за новото откритие ќе бидат објавени наскоро на прес-конференција. На почетокот на овој месец, за првпат беше отворена една од десетиците украсени саркофази за медиумите.
Тимот полека откри мумифицирани остатоци завиткани во надгробна плоча на која имаше хиероглифски натписи во светли бои.
Повеќето ковчези содржеле мумифицирани остатоци кои веројатно биле свештеници, највисоки службеници и елита во античкото египетско општество.




















