Овие шест американски претседатели биле сериозно болни за време на престојот во Белата куќа

1385

Веста дека американскиот претседател Доналд Трамп е позитивен на вирусот корона, ја отвори темата за здравјето на претходните лидери на САД.

Имено, неколку американски претседатели, од крајот на Првата светска војна, имале посериозни здравствени проблеми за време на мандатот во Белата куќа.

Најтешко, се чини, била болеста на Вудроу Вилсон, додека здравјето на Џон Кенеди било добро чувана тајна.

Мозочниот удар на Вилсон

Вудроу Вилсон преживеал тежок удар во 1919 година, кога го промовирал формирањето на Лигата на нациите и постигнувањето на Версајскиот мир. Ударот оставил сериозни последици по здравјето на Вилсон, но тој останал на позицијата претседател и покрај тоа што не можел правилно да комуницира.

Тој останал на функцијата до крајот на мандатот, благодарение на неговата сопруга Идит, која им пренесувала пораки на членовите на кабинетот цели две години.

Полиото на Рузвелт

Во 1921 година, американските лекари открија дека Теодор Рузвелт има детска парализа. Во тоа време тој имаше 39 години, но и покрај фактот дека едвај можеше да стане и да оди самостојно, тој успеа да остане на чело на Белата куќа 12 години.

За време на неговото претседателствување, деталите за неговата болест никогаш не беа откриени целосно.

Кога бил сам, користел инвалидска количка, но избегнувал да користи помагала кога се појавувал во јавност.

Ајзенхаурова болест

Три сериозни здравствени кризи ги одбележаа годините на Двајт Ајзенхауер во Вашингтон. Поминал неколку недели во болница по срцев удар во 1955 година, а една година подоцна бил опериран од Кронова болест.

Кон крајот на 1957 година преживеал лесен мозочен удар, поради што не можел да зборува некое време. Здравствено целосно се опоравил и го поминал вториот мандат без посериозни проблеми.

Тајните на Џон Фицџералд Кенеди

Деталите за здравјето на Џон Кенеди биле скриени од јавноста за време на неговиот престој во Белата куќа. По неговата смрт во Далас во 1963 година, во Америка започнал дебата околу тоа дали лековите што ги користел влијаеле на политичките одлуки. Таа дебата продолжува до одреден степен и денес.

Пред дваесетина години било објавено дека Кенеди страдал од дегенеративно заболување на коските, како и дека користел силни лекови за болки во грбот. За време на две и пол години поминати како претседател на Соединетите држави, тој престојувал во болница девет пати. Таа информација во тоа време се сметала за тајна.

Обид за убиство на Роналд Реган

Изборот на поранешниот актер на местото претседател на Соединетите држави е инициран, едно време, преку дискусии дали тој е способен да ја извршува функцијата шеф на Белата куќа.

Тој бил избран кога имал 69 години, што во тоа време го направи најстар претседател што стапнал на должност. Цели осум дена, неговиот заменик, Џорџ В. Буш Постариот, бил на чело на Белата куќа, бидејќи Реган бил на операција.

Во март 1981 година беше застрелан од Џон Хикни, и во многу сериозна состојба бил пренесен во болница, затоа што куршумот, откако минал низ левата подлактица, му го скршил реброто и ги оштетил белите дробови.

За време на престојот во болница, претседателските овластувања не биле пренесени на постариот Буш.

Буш повраќал во Јапонија

Џорџ В. Буш Постариот сериозно ја загрижи нацијата кога накратко ја изгуби свеста во 1992 година и започна да повраќа при посетата на Јапонија.