Мажите признале зошто “бегаат” во бањата, а тоа нема врска со вршењето нужда

1226

Тогаш кога најмногу ви требаше помош од сопругот, се изгуби секоја негова трага.

Звучи познато? Тој скоро, па сигурно се скрил во бањата.

Имено, истражувањето во кое учествувале 1.000 мажи покажало дека дури 45 проценти од припадниците на посилниот пол редовно „се кријат“ во бањата со цел да избегнат нивните сопруги да викаат по нив или за да избегнат грижа за децата.

Тие наведуваат дека „скоро никогаш немаат време за себе и дека бањата е нивното единствено прибежиште“.

Мажите истакнуваат дека без овие кратки мигови на одмор, нивните животи би биле неподносливи.

А, педантните Британци пресметале дека посилниот пол, во просек, поминува 7 часа годишно скриен во бањата.

Мажите не оставаат ништо на случајноста и дури 40 проценти признале дека однапред подготвувале списанија, книги или закуски што би ги користеле за време на нивните „криења“.

Сепак, колку и да се обидоа да побегнат од сите, барем за момент, повеќето од анкетираните мажи признаа дека жените скоро секогаш ги прекинуваат во нивното бегство, а децата тоа го прават малку поретко.

Од друга страна, иако бањата им е важна како „оаза на мирот“, мажите не сакаат да ја чистат, а истражувањето покажува дека во 72% од случаите – тоа го прават жените.