Ако постојано ви е жешко, намалете со консумирање на овие производи

1372

Храната и пијалаците можат да ве разладат, но има одредени продукти кои го имаат токму спротивниот ефект.

Прочитајте кои треба да ги избегнувате:

Алкохол

Пиво или коктел звучи добро, но дури и во најмалите количини, алкохолот влијае врз тоа вашето тело да не може правилно да се разладува.

Манџи и „зимска“ храна

Во лето држете се до лесната храна, избегнувајте месни оброци и намалете ги масните продукти. Сигурно можете да преживеете без мусака, гулаш, подварок и други типични зимски јадења.

Калорична храна

Брзата храна е и многу калорична. Иако не губите време во долго подготвување, долгото варење во организмот ослободува топлина.

Сувомесни производи

Месото јадете го печено или варено и во мали количини. Исто така, поради содржината на сол, може да дојде до задршка на течност во организмот.

Ледени пијалаци

Првично ни изгледаат како одличен начин на разладување, но докажано е подобро да пиете вода која е приближно на собна температура, наместо да предизвикувате шок на организмот со многу ладна.

Газирани пијалаци

Ве полнат со калории и шеќери, а со тоа се оневозможува правилното ладење на телото.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.