ОВЕН – СТАНУВА СКЛОН НА РАСПРАВИЈА
Ако Овенот изневерува, тоа значи дека не му посветувате доволно внимание, но тоа може да го прави и од освета ако многу сте го повредиле. Кога ќе изневерат тие стануваат вознемирени. Мажот без потреба вербално ќе ве нападне, а жената Овен ќе приговара во врска со изгледот, често ќе се расправа и ќе кажува дека не сте исти како порано. Ако одат да се видат со љубовникот или љубовничката, брзо ќе побегнат низ врата.
БИК – ГИ МЕНУВА НАВИКИТЕ
Припадниците на овој знак изневеруваат поради рутина во односот, но и поради силна сексуална привлечност кон нова личност. Иако вешто ги кријат своите чувства, Бикот појавува изненадна и претерана грижа за својот изглед (купува нова облека или често оди на фризер). Ненадејната промена во навиките, честото излегување и криењето на мобилниот телефон се доволна причина за сомневање.
БЛИЗНАЦИ – СЕКОГАШ ИМААТ АЛИБИ
Припадниците на овој знак изневеруваат само тогаш кога нема шанси да се дознае или ако не им е важен односот кој моментално го имаат. Кога изневеруваат многу се мудру, брзо размислуваат и внимаваат на секој чекор. Често ги ангажираат пријателите за да им служат како алиби. Уверени се дека неможете да ги фатите дека изневеруваат, па со тек на време се опуштаат. Ако му поставите стапица со неколку брзи вкрстени прашања ќе се збуни и ќе се открие.
РАК – СЕ ОДДАЛЕЧУВА ОД ПАРТНЕРОТ
Нема некоја универзална причина за изневерување кај Раковите, но една работа е сигурна кај нив – тие не сакаат да ја изгубат сигурноста кај партнерот, но ни љубовникот. Нивното неверство го откриваат со чести изговори дека се изморени или оптеретени со обврски. Често ќе одбиваат секс и емотивно се оддалечуваат. Ако почне неумерено да троши пари, бидете внимателни
Продолжува на страна 2



















