Швалерски хороскоп

1466

СТРЕЛЕЦ – СЕ РАСПРАВА

Тие изневеруваат кога не се среќни со партнерот и кога им недостасува физичка привлечност. Ќе ги издаде честото филозофирање. Мажот ќе повторува дека врската станала монотона, а понежната припадничка на овој знак на мажот нема ништо да му забранува и ќе покажува рамнодушност. Пред партнерот да успее да потврди нешто со докази, тие сами го признаваат изневерувањето.

ЈАРЕЦ – ИЗНЕВЕРУВА, НО НЕ ДОЛГО

Јарците изневеруваат ако партнерот постојано ги зема здраво за готово и ако се чувствуваат бедно во врската. Тогаш започнуваат афера која ќе им донесе сигурност и утеха. Кога же изневерат, тоа може да биде крај на досегашната врска бидејќи многу им пречи да бидат растргнати на две страни. Ако станува збор за полазна авантура, нивниот партнер најверојатно никогаш нема да дознае.

ВОДОЛИЈА – СЕ ИЗДАВА

И мажите и жените во знакот на Водолија не изневеруваат често, но ако го направат тоа, тоа на својот партнер наскоро ќе му го нацртаат. Ќе бидат незаинтересирани за односот, ќе кажуваат двосмислени изјави за иднината, ќе предлагаат отворена врска или да направат мала пауза. Жените во знакот на Водолија ќе кажуваат дека им треба повеќе дружење и дека врската почнала да ја гуши, а на секое прашање за неверство ќе реагира одбрамбено.

РИБИ – НЕ СЕ ДОСЛЕДНИ

Рибите може да сакаат повеќе партнери истовремено и кон нив да се однесуваат исто. Знаат лесно да се изгубат во сопствените лаги, а најдобро ќе ги разоткриете кога ќе се опијанат. Тогаш ќе кажат се, а утредента секако се ќе помине. Ако им дадете доказ ќе ги фати хистерија и ќе паднат во депресија.