Швалерски хороскоп

1466

ЛАВ – МУ УДОВОЛУВА НА ПАРТНЕРОТ

Припадниците на овој знај најчесто изневеруваат поради секс и возбудување. Кога го прават тоа, пред партнерот глумат дека се е во ред. Ќе станат совршени партнери, па така мажот ќе и удоволува се на жената, а жената ќе му ги прави омилените јадења и секогаш ќе биде дотерана. Неверството нема да го признаат дури и да ги фатите на дело, дури и ќе ве нападнат што воопшто сте помислиле на тоа.

ДЕВИЦА – ГО НАПАЃА ПАРТНЕРОТ

Девицата најчесто изневерува бидејќи е разочарана од својот партнер и бидејќи повеќе несака да биде во таков однос, но сеуште не смислила начин како да излезе од него. Кога зневеруваат секогаш ќе имаат алиби, но ќе станат многу критични и иронични и постојано ќе би истакнуваат вашите мани. Ако жената Девица почне да го избегнува сексот, тоа е доволна причина за сомневање.

ВАГА – СЕ ОДНЕСУВА КАКО ЗАЉУБЕН ТИНЕЈЏЕР

Припадниците на овој знак не се имуни на изневерување, а во тоа се впуштаат само ако се заљубат. Кога изневеруваат се однесуваат буквално како заљубени тинејџери. Постојано се средуваат, се тушираат и се пресоблекуваат, а расположението им е на високо ниво. Ќе направат се за да го прикријат неверството, а ако случајно партнерот дознае за тоа ќе кажат дека е само флерт.

ШКОРПИЈА – ТОА ГО ПРАВАТ ПЛАНСКИ И СМИРЕНО

Припадниците на овој знак изневеруваат од многу причини, а кога ќе се решат да направат такво нешто, тие се сигурни дека тоа никогаш нема да се дознае. Уверени се во своите вештини за прикривање на работите. Скорпијата изневерува многу мудро и смирено. Мажите редовно ќе спијат со партнерката и нема да губат интерес за нејзе, а женските припаднички на овој знак ќе ги издаде љубовниот поглед.

Продолжува на страна 3