10 неверојатни случајности кои навистина се случиле

2333

За овие работи науката нема објаснување, а се и во тотална “војна” со математиката…

Иако речиси на секој во животот понекогаш му се случиле разни коинциденции, некои од нив се толку неверојатни што во голема мерка ја надминуваат способноста на научно објаснување и пркосат на принципот на математиката.

Ова се 10-те неверојатни коинциденции кои навистина се случиле

Двоен погодок

Замислете да погодите две лото комбинации во исто време? Тоа е малку веројатно, зар не? Па, токму во тоа успеала Морин Вилкокс во 1980 година играјќи лотарија во Масачусетс и Роуд Ајленд. За жал, таа ги погоди и двете добитни комбинации, но на погрешни ливчиња.

Човекот кој ги преживеал и Хирошима и Нагасаки

Tsutomu Yamaguchi бил на 6 август 1945 година на службено патување во Хирошима, каде што на само три километри од него експлодирала атомска бомба. Тој преживеал, но со изгореници, оштетено ушно тапанче и други повреди. Само три дена подоцна, на 9 август, се вратил во својот роден град Нагасаки. Тука тој бил на два километри од експлозија на нова атомса бомба, која исто така ја преживеал.

Пророкот на Титаник

Не многу познат писател Морган Робертсон напишал книга за несреќата на бродот “Титан”, 14 години пред трагедијата Титаник. Робертсон својот Титан го опишал како најголем прекуокеански брод, а додал и дека е “непотонлив”, што се типични описи на Титаник. Двата брода биле со иста должина, во сопственост на британски компании и двата потонале откако удриле во санта мраз во Атлантикот. Сепак, авторот на книгата не погодил сѐ. Тој напишал дека Титан удрил во санта мраз 1.000 километри од Њуфаундленд со брзина од 25 јазли, додека вистинската навистина Титаник удрил во санта мраз околу 1.000 километри од Њуфаундленд, но со брзина од 22,5 јазли.

Судбоносното пријателство

Девојчето по име Лаура Банкстон го напишала своето име на балон и го пуштила во воздухот. Го пронашла друга девојка по име Лаура Банкстон. И двете имале иста боја на очите и исти миленичиња: лабрадор, зајак и хрчак. Од тогаш се неразделни.

Исто тело, ист живот

Двајца близнаци кои биле разделени по раѓањето, го добиле истото име – Џим. Џим Луис и Џим Спрингер за прв пат се виделе и се сретнале по 39 години. И двајцата двапати се женеле. Првата жена на двајцата се викала Линда, а другата Бети. Двајцата имале син по име Џејмс Ален. Двајцата работеле како заменик шериф. Пиеле исто пиво, пушеле исти цигари и го возеле истиот модел на Chevrolet.

Небесната провокација

Продолжува на страна 2