Стриптизер во мексиканско училиште како подарок за Денот на мајките | Видео

1848

Основно училиште во Мексико ја шокирало јавноста со својата одлука на Денот на мајките да ги изненади жените така што ќе им донесе стриптизер. Да биде уште почудно, сето тоа се случило пред децата.

Мажот носел црвен шорц и играл. Перформансот бил изведен пред десетина деца.

Оскудно облечен маж е снимен како им приоѓа на жените. Снимката е направена во училиште во мексиканската држава Веракруз.

Снимката е прегледана повеќе од 200.000 пати, а во коментарите можат да се прочитаат многу критики.