Цигара по оброк ! Навика што може да ги влоши желудочните тегоби

2059

За многу пушачи, цигарата по добар оброк е речиси задолжителен ритуал. Некои веруваат дека им помага храната полесно да „слегне“. Но чувството на задоволство не значи и подобро варење.

Пушењето може да придонесе за појава на киселини и рефлукс — враќање на желудочната содржина во хранопроводот. Тоа може да предизвика печење и непријатност, наместо очекуваното олеснување.

Причината е што пушењето може да ја ослаби функцијата на мускулот што го спречува враќањето на желудочната содржина кон хранопроводот.

Штетноста на цигарите не зависи само од тоа кога ги палите. Откажувањето од пушењето е најдобриот избор за здравјето — и по оброкот и во секој друг дел од денот.