Унисекс совети за убавина

1205

Советите за женска убавина поврзани со процедури, производи и масажи, се навистина многубројни.

Грижата за изгледот е исклучително важна за женската половина од човештвото, истражувајќи така напорно начин да се задржи младоликиот изглед.

Голем дел од препораките и советите наоѓаат место во секојдневниот живот, но е редно да се обрне внимание и на мажите.

Ви ги претставуваме најраспространетите, испробани и ефектни совети за женска убавина кои спокојно можат да ги користат и мажите.

1. Внимавајте со парфемот

Сите знаеме колку пријатно е да помине некој покрај нас кој мириса исклучително убаво. Факт е дека, сепак, границата помеѓу доброто количество и ексцесот понекогаш може да е тенка. Мажите, исто како што се советуваат и жените, не претерувајте со парфемот.

2. Без бричење меѓу веѓите

Разбирливо е дека не сакате да станувате познат по фактот дека имате една веѓа. За да се држиме до добриот изглед сепак, задолжително треба да прекинете со користењето на жилет.Наместо тоа, земете пинцета и отстранувајте ги влакненцата по бањање.

Продолжува на страна 2