Како да ги згуснеме тенките веѓи?

1762

Кога трендот за густи веѓи ја зазеде модна писта и практично ја стави Кара Делевин во индустријата со неповторливиот изглед, бевме малку скептични.

Тоа е од проста причина што овој тип трендови варираат во двете крајности. Не беше којзнае колку одамна моментот во кој ни се наметна како модерно да ги тенчиме веѓите, а моменталното преуредување воопшто не е лесно.

Дури и да не е поврзано со трендови и слепото следење, често ни се случува да се занесеме со пинцетата и да отстраниме малку повеќе влакна од предвиденото.

Без разлика од која од двете причини сакате задебелување на веѓите и да ги згуснете, претставуваме неколку природни и лесни трикови со кои ќе го направите ова не само брзо, но и сигурно и убаво.

Алое Вера

Нанесете екстракт од алое вера хоризонтално во линијата на веѓите.Оставете да се исуши за десет до петнаесет минути, а потоа исплакнете со млака вода. Практикувајте ја оваа терапија двапати неделно во козметичкиот режим и повторувајте неколку недели. Ова е еден од најефикасните природни начини да згуснат веѓите.

Кокосово масло

Познато со своите придобивки за здравјето и изгледот, кокосовото масло е популарно со содржината во различни терапии за раст на косата. Масирајте ги со кокосово масло веѓите секоја вечер пред спиење. До две недели ќе забележите како веѓите ви стануваат цврсти, а влакненцата – побрилијантни.

Сок од кромид

Можеби ви се чини непријатно да поставувате течност со толку силен мирис на веѓите, но ако сакате густи и полни веѓи за кратко време, ќе издржите. Потопете памук и нанесете рамномерно. Почекајте да се исуши за неколку минути и исплакнете со млака вода. Ако сакате да се ослободите побрзо од мирисот, исчистете со розова вода.

Млеко

Ако има нешто што докажано функционира многу добро во процесот на раст на веѓите, тогаш ова е млекото. Затоплете мала количина и оставете да се излади. Потопете малку памук и со негова помош нанесете врз веѓите. Оставете да се исуши, а потоа измијте со ладна вода.Повторувајте го истиот чекор на секои два часа и ќе забележите драстична промена за пет дена.