Потребно
- 1 мало парче ѓумбир (свеж)
- 500 мл вода (Горска)
- 1 голем лимон (исцеден)
- 4 лажици мед (органски)
Како да се направи
- Ѓумбирот излупете го и исечкајте го на мали парченца. Водата ставете ја во сад на оган и оставете ја да зоврие.
- Ставете ги парченцата ѓумбир и варете на тивок оган околу десет минути. Тргнете го садот од оган и оставете го да се олади.
- Во оладеноиот сок од ѓумбир додадете мед и лимонов сок. Убаво промешајте.
- Напивката прецедете ја во бокал и послужете. На здравје.



















