Овен
За врска: Одличен однос можете да остварите со Лавот, бидејќи сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ве разбере и поддржува во сè, а водено ќе биде и одличен пријател и љубовник.
За авантура: Вагите се идеални ако сакате со некого да имате незаборавна авантура. Со овој знак покрај страста ќе почувствувате и неодолива сексуална привлечност.
Бик
За врска: Со Девицата можете да имате складен однос, бидејќи одлично се разбирате и имате слични сфаќања и ставови за многу работи.
За авантура: Со Скорпијата страстите никогаш нема да ви недостасуваат – штом ќе ви се сретнат погледите, желбата ќе биде обострана.
Близнаци
За врска: Вагата е вашиот идеален партнер со кој можете да делите буквално сè. Никогаш нема да ви биде здодевно, а вашиот однос ќе биде полн со разбирање и внимание.
За авантура: Стрелецот знае како да ја разбуди страста во вас, а друга страна нема да ве гуши и да ви создава притисок.
Рак
За врска: Со Скорпијата можете одлично да се согласувате, толку многу што ќе ви биде доволен само еден поглед за да се разберете.
За авантура: Јарецот може да ви го помати умот, а истовремено и да ви влее самодоверба и сигурност иако тоа не води никаде.
Продолжува на страна 2



















