„Планетарната резонанца“ причина за поплавите на Балканот

97
Акумулирани врнежи од дожд (сини бои) над југоисточна Европа од 13 до 16 мај 2014 година (во милиметри) и позицијата на циклонот Ивет следена од неговите најниски притисоци на јадрото (црвена линија).

Група меѓународни експерти тврдат дека, освен климатските промени, за поплавите на Балканот веројатно е одговорна и „планетарната резонанца“, објави научниот магазин „Сајанс“.

Тимот составен од експертите Лиза Стадер, Дим Куму, Владимир Петухов, Стефан Петри и Штефан Рамшторф, во студија прават обид да ги објаснат причините за катастрофалните поплави кои пред две години го погодија подрачјето на целиот Балкан, уништија голем број на куќи и однесоа многу жртви.

Како што се нагласува во студијата, Балканот е погоден од циклон од тип Вб, кој од Медитеранот донела големо количество врнежи, а веројатно е поврзана и со планетарните Росбиеви бранови.

– Анализата на дневните пролетни дождови над Балканот откриваат значајни трендови на зголемување. Одговорно тврдиме дека за зголемените ризици од поплави на Балканот улога имаат и динамичните процеси, тврдат научниците.

Како што наведуваат, таква „планетарна резонанца“ е забележана во летото 1997 година во Европа, а се повторила и пред две години на Балканот.

Росбиевите бранови се создаваат поради ротирањето на Земјата, а всушност се работи за нарушување во претежно западното струење на умерените географски ширини. Се појавуваат на висини од приближно пет километри.

На северната хемисфера на Земјата тие предизвикуваат силно закривување на струењето на воздухот кој се движи од запад кон исток и носат промена на времето, се наведува во студијата./МИА