Учениците се враќаат во училиштата, одложување на учебната година нема да има

2047

Од работа и од настава ќе бидат ослободени наставниците и учениците со хронични болести.

Преполовени паралелки, скратени часови, наставници кои ќе ја предаваат истата лекција скратено, по 20 минути на 2 групи од исто одделение. Ова се само дел од препораките и протоколите на Министерството за образование и наука (МОН) за новата учебна година.

Како што е наведено, одложување на почетокот на учебната година нема да има, па се очекува учениците со маски на лицето и на дистанца да се најдат во училишните клупи на први септември.

– Протоколите за отворање на училиштата се готови, останува да се доконкретизираат некои работи. МОН побара од СОНК да се вклучи со свои препораки и мислења, па очекуваме да добиеме став од нив до четврток, а за од понеделник протоколите да можат да бидат усвоени на седница на Владата – изјавила Елизабета Наумовска, заменик-министерка за образование.

Конечната одлука за тоа каков модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август