Полнето јаболко

2937

Состојки

1. 6 тврди кисели јаболки
2. 375 г свежа урда
3. 120 г мелени лешници
4. 75 г исечкано црно чоколадо
5. 5 лажици мед
6. 1 лажица рендана кора од портокал
7. путер по потреба

Подготовка

  • Јаболките измијте ги, отсечете им малку од дното за да стојат стабилно во тепсијата.
  • Издлабете ја средината од секое јаболко.
  • Во еден сад помешајте ја урдата со лешниците и чоколадото, потоа додадете 3 полни лажици мед и кората од портокал.
  • Со смесата наполнете ги јаболките, а потоа наредете ги во подмачкана тепсија.
  • Јаболките прелејте ги со лажица мед и печете на 190 °C додека не омекнат.
  • Готовите јаболки прелејте ги со преостанатиот мед и декорирајте со вашето омилено чоколадо.