Свадбите, матурските веселби, Божиќните и новогодишните празници се проследени со обилни трпези и многу алкохол што си носи свои последици.
Освен со натрупаните вишоци килограми, мамурлакот е другиот проблем со кој треба да се справиме. Сауна, аспирин со сода, лута пиперка и пиво се само дел од лековите, кои ги користиме, за да се почувствуваме подобро.
Споделуваме уште неколку испробани рецепти против мамурлук, кои ќе ви помогнат.
Сок од кисела зелка
Еден од најдобрите лекови за мамурлак, кој ќе ви помогне и да ги ресетирате електролитите во организмот. Испијте една чаша од него, а ако немате, може да го замените со сок од кисели краставички.
Пијалок со ракија
Направете си убаво кафе. Во него додадете парче лимон и 2-3 лажици ракија.
Рицинус и млеко
Затоплете добро една чаша млеко и кон неа додајте 2 лажици рицинус. Оставете малку да се излади и испијте.
Цеден цитрус
Направете си свеж сок од лимон и портокал и кон него додадете мед за сладост. Ова ќе ви даде повеќе енергија и витамини.
Продолжува на страна 2



















