Банана & Убавина

2253

Кога ќе ги сфатиме предностите на природните состојки за убавината, неизбежно ќе го промениме не само начинот на живот, но и изгледот.

Понекогаш резултатите од соништата се на еден чекор далечина и ни од далеку не бараат бескрајни инвестиции во скапи процедури.

Вкусните банани не се само здрав дел од секојдневното мени, но и прават чуда со кожата.

Токму од оваа причина ги избравме најчестите проблеми кај жените и го откривме нивното решение.

Ви претставуваме неколку здрави рецепти со банана кои ќе ви заштедат многу финансии и ќе ви претворат во самоуверени и убави дами.

1. Сува кожа

Ако страдате од сува кожа, додадете мед кон половина зрела банана и гмеќете додека добиете пире. Нанесете врз претходно исчистени лице и деколте. Оставете да дејствува барем 20-25 минути и исплакнете со млака вода.

2. Осветлување на кожата

Додадете две лажици сок од лимон кон пире од една зрела банана. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Исплакнете темелно со топла вода.

3. Природен пилинг

Масирајте со кружни движења пире од една зрела банана и шеќер. Овој природен пилинг ја хидрира кожата и ги отстранува успешно мртвите клетки.

4. Против стареење

Пресечете заедно едно авокадо и банана. Нанесете ја готовата паста врз лицето и измијте добро по 20 минути.

5. Потечени очи

Изгмечете половина банана и нанесете врз очите. Измијте со ладна вода, а пред тоа почекајте маската да дејствува врз лицето најмалку 15 минути.