Вакцината за туберкулоза спасува од коронавирус. Можно ли е тоа?

2173
Игор Иванко/Агенција „Москва“

Во медиумите се дискутира околу прашањето за тоа дали вакцината за туберкулоза може да ги заштити луѓето од коронавирусот:

Агенциите Bloomberg, Reuters, Daily Mail и The New York Times пишуваат за бесеже вакцината (вакцина бацил Калмет-Герин) која во светот е широко распространета веќе цел еден век, и за изненадувачките информации дека таа може да биде оружје против пандемијата со COVID-19.

Во цела Русија оваа вакцина е задолжителна за сите деца од 3 до 5 години (доколку нема контраиндикации). Може ли со тоа да се објасни фактот што во Руската Федерација сè уште нема толку многу заболени?

Од каде потекнуваат ваквите податоци за врската помеѓу бесеже вакцината и коронавирусот?

За првпат оваа врска е спомената во истражувањето на соработникот на американскиот Колеџ за остеопатска медицина. Имено, на 28 март на сајтот MedRxiv се појави репринт на нивната статија каде се укажува на разликата помеѓу смртноста од коронавирусот во земјите каде бесеже вакцината е задолжителна и земјите каде оваа вакцина се дава по желба или воопшто не се дава. Во вториве земји смртноста е триесет пати поголема.

Според верзијата на авторот на статијата, со ова се објаснува од каде е толку големата разлика во показателите помеѓу Шпанија и Португалија. Во Шпанија смртноста е далеку поголема, а таму програмата за задолжителна бесеже вакцинација е запрена во 1981 година. Во Португалија е запрена дури во 2017 година. Истото важи за територијата на некогашната Источна Германија, каде вакцинацијата беше задолжителна и каде смртноста сега е помала одошто на територијата на некогашната Западна Германија.

Продолжува на страна 2