Еве како во само 3 минути да станете поефективни

1255

Eфикасноста е тесно поврзана со продуктивноста, а продуктивноста е основата на добро организираниот живот.

Сепак постојат определени теми кои што треба добро да ги размислите, пред да се одлулите на соодветно постапување по повод истите.

Преселување

Избегнувајте го, не претерувајте во желбите и потрагата за совршено место за живеење. Преселбата подразбира трошење на време и пари, кои одлично би ги искористиле во други насоки.

Превоз

При избор на моторно возило, секогаш водете се да поседувате кола која што нема да троши многу бензин, ќе има погодна големина и воедно нема да ви се потребни многу пари за нејзино техничко одржување. Гледајте секогаш да станува збор за честа марка на кола, во случај на потреба од дел да можете лесно да го пронајдете.

Работа

Доколку имате можност да работите од дома, треба да го користите тоа право, бидејќи на тој начин ќе заштедите време и пари за превоз до канцеларијата.

Во однос на клиентите, секој нов клиент треба да добие соодветен прашалник со кој ќе бидат заведени сите значајни прашања кои се потребни да му ги поставите. Состанокот ќе ви одземе само време кое може да го искористите во остварување на нови задачи.

Храна

Секогаш избирајте оброци кои се лесни за подготовка и набавка.

Рекреација

Не го трошете залудно времето за рекреација на ТВ, видео игри или кино. Искористете ги слободните саати за прошетка во планина или со вашето домашно милениче.