Не ги фрлајте старите лекови во тоалет

1444

Сигурно многумина од вас се прашувате што да правите со лековите на кои им е изминат рокот. Светските организации за заштита на животната средина даваат најразлични предлози и идеи за рециклирање, а без притоа да се наштети на околината.

Медикаментите кои се исфрлаат во веце школката завршуваат во нашите води. Иако во определени ситуации ова дејство е дозволено, сепак постои општа забрана за исфрлање на лековите во веце школките.

Во 2008 година, медицински друштва испитувале речни води во различни области и при таквите испитувања дошле до став дека водата содржи многу антибиотици, антидепресиви и сл медикаменти. Тие речни води ги снабдуваат повеќе од 24 главни метрополи, вклучувајќи повеќе од 41 милиони луѓе ширум САД кои ја користат таа вода за секојдневна употреба.

Постојат неколку совети кои вреди да ги прочитате со цел да ја заштитите животната средина, особено во период каде глобалното затоплување зазема широк замав. Станува збор за следните:

Чувајте ги вашите непотребни медикаменти надвор од корпите за отпадоци

Фрлањето на лековите во корпите е небезбедно за вашето дете или домашно милениче, бидејќи тие многу лесно може да стигнат до неа. Исто така, таквиот тип на отпад ја загрозува животната средина.

Најдете соодветни места за оставање на непотребни лекови

Сите медицински институти и аптеки располагаат со посебни места на кои може да се оставаат непотребни лекови. Во повеќето случаи тие работата 24/7.

Донирајте

Доколку располагате со лекови чиј што рок на употреба не е истечен, можете истите да ги подарите на лица на кои им се потребни. Ако станува збор за специфични медикаменти, тогаш најдобро е иститие да ги дадете на стручни лица, па тие согласно нивните познавања и проценки ќе ги распределат лекови на соодветни лица.

Редуцирајте ја потребата да донирате или рециклирате лекови

Купувајте лекови само по потреба, во одредена доза. Секогаш е подобро да купите плус лекови, него ли да ви остане вишок и тој повторно да немате можност да го употребите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.