Еве што треба да знаете пред да започнете да живеете заедно

1528

Пред да започнете да живеете заедно со вашиот/та партнер/ка, обидете се да ги дознае овие работи за вас.

Дали сте ранобудник или ноќна птица

Како што и вие треба да знаете за него. Бидејќи, што ќе правите доколку тој се буди во 5 часот наутро за да трча, а вие постојано си легнувате во 3 часот по полноќ? Секако, ова не е нешто кое треба да влијае на вашата врска, но би требало да склопите некој вид договор за почитување на вашите животните навики.

Вашите навики кога е хигиената во прашање

И обратно. Сигурно нема да ви биде слатко постојано да одите по него/неа и да го чистите нередот што го остава. И во оваа ситуација е важно да направите договор и да смислите правила кои ќе им одговараат на двете страни.

Вашиот став за домашните миленици

Па, ако некој од вас планира да донесе домашен миленик ќе мора да се направи некој договор. Можеби ќе можете да пронајдете некое животно кое и двајцата го сакате.

Вашиот став за бебињата

Мора да знае што вие мислите за основање на семејство и како го доживувате тоа.

Колку личен простор ви е потребен

Ако досега сте живееле сами, најверојатно имате некое ваши рутини кои сакате да ги задржите и откако ќе започнете да живеете заедно. Тој/таа, исто така, сигурно има некои моменти кога сака да биде сам, без вас, иако ве сака најмногу на свет.

Продолжува на страна 2