“Мојот сопруг веќе 10 години има најдобра пријателка”

2115

Мојот сопруг има најдобра пријателка околу 10 години. Секогаш сакаше да дојде со нас на одмор, но јас одбивав.

И буквално се допишуваат секој ден, но ајде тоа толку не ми пречи затоа што ние сме во Германија, а таа во Хрватска.

Па, Боже мој, не може да ме изневерува барем со неа. Секако дека јас неа не ја сакав баш, но се колнеше милион пати дека нема ништо друго освен пријателство меѓу нив.

И како што требаше да се породам, а имав комплицирана бременост, таа се понуди да дојде да ни помогне, што одбив на прва. По породувањето, некако попуштив па таа дојде да го види бебето на неколку дена и така тоа.

И тогаш, луѓе мои, колку таа го засака тоа бебе, не можам да опишам, буквално како да е нејзино. Таа се грижеше за него, внимаваше и ми помагаше за сè. Толку беше добра што дури и јас ја засакав.

Значи, од тогаш, верувам во машко-женски пријателства и повеќе не шизам што се допишуваат секој ден.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.