Машката ракометна репрезентација на Македонија запиша победа над Турција со 26-23 во Ешкишехир, турнир во рамки на ЕХФ неделата.
Иако Македoнија настапи во комбиниран состав со млади играчи и без искусните Лазаров, Манасков, Ристовски и останатите, ја порази Турција која на претходните две средби ја победи Италија.
Победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање, првиот дел го реализиравме со 15-12, на крајот славевме со 26-23.
Македонија утре ќе се сретне со Италија, по оваа средба не очекуваат уште две во Скопје со Грузија.



















