Позитивна мисла | George Orwell

129

“Ако слободата значи нешто, тогаш тоа значи право да им се каже на луѓето она што не сакаат да го слушнат.„

George Orwell

Џорџ Орвел бил англиски писател, есеист и критичар. Тој е еден од најпознатите писатели на 20 век, а неговите познати дела се Животинска фарма и 1984 година. Вистинското име на Орвел е Ерик Артур Блер. Неговите обиди да се пробие како писател не беа лесни. Неговото прво големо дело „Никој и ништо во Лондон и Париз“, беше објавено во 1933 година и раскажува за неговите искушенија додека живеел во овие градови. Бидејќи не сакал да го засрами семејството, книгата била објавена под псевдонимот Џорџ Орвел. Своето следно дело, Бурмански денови, го објавил во 1934 година.