15 намирници кои можете да ги јадете колку што сакате без грижа дека ќе се здебелите

1531

Постојат производи и типови на храна кои можете да ги јадете колку сакате и повторно да не бидете загрижени за тоа дали ќе накачите вишок килограми или ќе внесете повеќе калории, отколку што треба.

Токму овој тип на намирници имаат многу малку калории, го подобруваат варењето и се богати со влакна, за да се чувствувате најадени.

Еве за кои намирници зборуваме:

Пуканки

Кога ги готвите без путер или шеќер, можете да ги јадете колку сакате, без да се грижите дали ќе влијаат на вашата фигура. Пуканките имаат само 31 калорија во една мерка (мислиме на рака полна пуканки).

Целер

Целерот 95% е само вода, па е одличен за детоксикација и губење на тежината.

Модар патлиџан

Печениот модар патлиџан или подготвен на скара можете да го јадете во колкави сакате количини без да се грижите за калориите, бидејќи без масло, истиот содржи само 24 калории.

Портокали, грејпфрут и мандарини

Некои луѓе препорачуваат да не консумирате големи количини на овошје, но тоа не важи за цитрусните овошја. Тие се богати со влакна кои го регулираат варењето и помагаат во слабеењето. Меѓу другото, влакната помагаат да не чувствувате глад. Исто така, содржат флавоноид нарингенин кој спречува дебелеење, бидејќи му помага на црниот дроб побрзо да ги процесира вишокот масти. Витаминот Ц кој добро знаеме дека го има во овие овошја, има позитивни ефекти на еластичноста на кожата и целулитот го прави помалку видлив.

Продолжува на страна 2