Има смо 25 години | Од сексуална робинка до добитничка на Нобеловата награда

81

“Откако се обидов да избегам, ме фатија. Многумина тогаш ме силуваа … “

Надја Мурад, добитник на Нобеловата награда за мир оваа година, член е на ирачката група Јазиди, активист за човекови права и поранешна сексуална робинка на ИСИС во Ирак. Своето трауматично искуство со борците на ИСИС во Мосул, во 2014 година, киднапирањето, ропството и силувањето, го искористила за да стане заговорник на јазитското малцинство во Ирак, но, исто така, и во борбата за женските права и проблемите на бегалците.

Нејзината борба започнала во 2014 година, кога милитантите на ИСИС пристигнале во нејзиното село Кочо во ирачкиот Курдистан. Ја убиле мајка ѝ и шест од деветте браќа и полубраќа, а многу немажени жени од селото ИСИС-овците ги однеле со нив како сексуални робинки.

Мурад, во претходното интервју за CNN, раскажала за настаните од август 2014 година: “Речиси 6.500 јазидски жени и деца биле киднапирани, а околу 5.000 луѓе од нашата заедница загинале тој ден. Во текот на осумте месеци не одделија од нашите мајки, татковци, браќа и сестри. Некои беа убиени, а некои исчезнати”, рече Надја Мурад.

Таа е родена во 1993. година и била средношколец кога милитантите на ИСИС влегле во нејзиното село. Сакала да стане учителка по историја, но наместо тоа, нејзиниот живот бил брутално растргнат. Кога успеала да избега во Мосул, едно од муслиманските семејства ѝ помогнало да најде лажни исламски документи за да избега од територијата на ИСИС.

Таа и пред освојувањето на Нобеловата награда за мир ја добила и наградата Вацлав Хавел за човекови права, наградата Сахаров, награда Clinton Global Citizen Award… Има објавено книга мемоари под наслов “The last girl”, која станала бестселер.

Во 2016. година, кога имала 23 години, станала амбасадор на добра волја на ОН за достоинството на преживеаните во трговијата со луѓе. Истата година, го повика Конгресот на САД да има поагресивна борба против терористичката група Исламска држава.

“Daesh нема да се откаже од своето оружје ако не ги присилиме на тоа. Јазидите не можат да чекаат”, рече таа.

Една година пред тоа, таа се обратила до Советот за безбедност на ОН и опишала како милитантите на ИСИС ја силувале по неуспешниот обид за бегство. Таа објаснила дека сето тоа според правилата на ИСИС е всушност легитимно, бидејќи тие правила ги пропишуваат за да можат да ги земат припадниците на Јазиди како робови, бидејќи тие не го практикуваат исламот.

“Тие ги продавале девојките, малолетнички, бидејќи ИСИС сметал дека тоа е дозволено според нивните закони. Не дошле да нападнат само некои одредени луѓе, туку сите Јазиди”, раскажала Надија Мурад за CNN.