15 намирници кои можете да ги јадете колку што сакате без грижа дека ќе се здебелите

1530

Алги

Морските алги се богати со јод кој воспоставува нормално функционирање на тироидната жлезда, а тоа значи и одржување на тежината.

Лубеница и диња

Со од 60 до 70 калории, овие овошја можете да ги јадете буквално цел ден. Лубеницата и дињата инаку, го отстрануваат вишокот на течности во телото.

Тиквички

Една тиквичка содржи само 42 калории, а меѓу другото го доведува во баланс нивото на вода и сол во телото – еден од најважните фактори за витко, слабо тело. Тиквичките се богати со вода и влакна па ќе направат побрзо да се чувствувате полни.

Краставици

Краставиците се незаменливо овошје за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот вода во телото и да одржуваат нормална тежина.

Цвекло

Цвеклото е одличен извор на минерали, посебно магнезиум, кој помага во согорувањето на мастите, ги регулира нивоата на шеќер во крвта и помага во градењето на мускулите. Цвеклото лесно можете да го претворите во салата или лесно смути, а една порција содржи само 40 калории.

Јајца

Јајцата можете да ги јадете во било кое време, дури и навечер кога сте прегладнете, а не сакате да претерате со внесената количина на калории. Секако, најдобро е да ги консумирате сварени, наместо пржени.

Продолжува на страна 3