Михаил Лабковский | Разликувајте ги реалните проблеми од измислените и престанете да жалите

1732

Зошто сме несреќни, кои се препреките на кои наидуваме на патот кон среќата и како можеме да ги надминеме?

За сите овие теми, сосема моќно зборува најпознатиот руски психолог, Михаил Лабковски:

Не плашете се од среќата

Поголемиот дел од луѓето растеле во семејства коишто практикуваат неуживање во животот и каде членовите немаат навика да кажуваат дека им е добро и дека се среќни. Неспособноста на родителите да се радуваат и смеат им се пренесува и на децата, кои започнуваат да мислат дека токму така функционира овој свет.

Престанете да се жалите

Што посакувате, кога се жалите некому за своите проблеми? Вие сакате да се жалите, а не и да ги решите проблемите. Култот на страдање е единствено само наш изум. Како да е полесно да се пати, отколку да се живее среќно. Здравата личност или ќе ја прифати ситуацијата онаква каква што е, или ќе ја промени. Невротичната личност нема да го направи ниту едното, ниту другото.

Тоа се однесува и на физичката болест – додека психички здравата личност ќе се лечи од болеста, невротичната ќе сака да биде болна, бидејќи на таков начин ќе има причина за да се жали. Тоа е речиси како хоби – да се измисли некаков проблем, за потоа да се пати од него.

Разликувајте ги реалните проблеми од измислените

Разликата помеѓу здравата и невротичната личност е во тоа што првата личност се грижи за реалните проблеми, додека другата пати од непостоечките.

Не обидувајте се да им помагате на сите околу вас

Желбата да им помогнете на сите околу вас е предизвикана од стравот, дека не може да ве сакаат поради она што сте, па со помагањето на другите се обидувате да го подигнете нивото на својата самодоверба. Затоа, ако не ве замолиле да им помогнете, не нудете ја својата помош, туку посветете им се на оние на коишто и навистина им е потребна ваша помош.

Не одговарајте ако не сте прашани

Кога со зборови или дела одговарате на непоставени прашања, ја покажувате својата вознемиреност.

Еднаш минував со мојата девојка покрај продавница, а таа виде некаков фустан и ми кажа – “Колку убав фустан!”. А бидејќи јас не одговорив ништо, таа ми кажа – “Знаев дека си таков!”. Впрочем такво нешто би кажала секоја жена… Јас би и го купил тој фустан, ако таа ме прашаше, но ако во таква ситуација веднаш потрчате да платите на касата, тогаш сте несигурна личност.

Продолжува на страна 2